Научници почнаа клиничко испитување за да видат дали ибупрофенот може да им помогне на болнички пациенти болни од COVID-19.
Тимот од болниците London's Guy и St Thomas, како и од Кралскиот колеџ сметаат дека лекот што се користи како терапија против воспаленија и против болки, може да помогне во ублажување на проблемите при дишењето кај пациенти со COVID-19.
Тие се надеваат дека евтиниот лек ќе помогне да не стигнат пациентите до респираторна поддршка.
Во клиничкото испитување наречено Liberate половина од пациентите ќе примаат ибупрофен, заедно со вообичаената терапија. Ќе се користи специјална формула на ибупрофен наместо вообичаените таблети што може да се купат во аптека.
Истражувањата спроведени на животни покажуваат дека лекот може да помогне при лекување на акутен респираторен синдром, една од компликациите што се јавуваат кај тешко болни со COVID-19.
Во почетокот на пандемијата некои експерти и лекари изразија загриженост дека ибупрофенот може лошо да се одрази кај пациентите со благи симптоми.
Ваквите ставови особено се засилија откако францускиот министер за здравство Оливер Веран изјави дека земањето лекови против воспаленија од типот на ибупрофен може да ја влоши инфекцијата и ги советуваше пациентите да земаат парацетамол.