Лековити и ароматични билки, есенцијални масла и едукативни трибини на Фестивалот на чај

Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-ина учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол.

На четиридневниот фестивал посетителите ќе имаат можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.

Орагнизаторите на фестивалот најавуваат и едукативни трибини и катчиња, на кои ќе бидат презентирани македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Учество ќе земат повеќе билни аптеки, а ќе има и природна козметика и пчелни производи.

„Фокусот на фестивалот е автентичноста која ни ја дава природата преку билките, природната медицина – лековитите билки, од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапунчиња, препарати за здрав живот, мевлеми и чајни колачи од билки, шумски плодови, путери и масло од лешници и мармалади. Посебен простор е резервиран за пчелни производи, како природниот мед и козметика од мед и пчелни производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност да добијат и совети за поздрав живот од производителите на чаеви и есенцијални масла од ароматични и лековити билки“, велат организаторите на настанот.

На настанот ќе присуствуваат и претставници од факултетите и институциите.

Тагови
реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Култура

Македонската Агенција за филм има нов в.д. директор

Read more

Почнува Скопско лето 2025, в недела „Вечер на шлагери“

Read more

Изложба на фотографии „Состојба на нештата – возила“ од Наташа Гелева во Струга

Read more

Книжевни разговори за Едуар Луј вечерва во „Илика“

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе