Ленард го реши тексашкото дерби, Кливленд загуби од Мајами

Дуелите помеѓу Сан Антонио и Хјустон, односно Кливленд и Мајами ја обележаа синоќешната програма во НБА лигата.

Каваи Ленард белскаше во дербито на Тексас кое по голема борба му припадна на Сан Антонио. Спарси го совладаа Хјустон со 112:110, Ленард најпрвин погоди тројка во финишот преку Нене Иларио, а потоа во последниот напад го блокираше Џејмс Харден.

Ленард натпреварот го заврши со 39 поени, 6 скока, 5 асистенции и 2 блокади. Ист број на поени постигна Харден на спротивната страна.

Кливленд неочекувано загуби од Мајами со 98:106, а мечот го обележа повредата на Ендру Богут, кој ја скрши потколеницата по 58 секунди игра во дебито за Кливленд.

Мајами до победата го предводеа Дион вејтерс и Горан Драгиќ. Вејтерс против својот поранешен тим постигна 29 поени, додека Словенецот имаше учинок од 21 поен и 5 асистенции.

Ирвинг и Леброн Џејмс единствени кај Кливленд постигнаа двоцифрен број на поени. Ирвинг уфрли 32, а Џејмс на 30-те поени придодаде 17 скокови и 6 асистенции.

Резултати:

Кливленд-Мајами 98:106

Орландо-Њујорк 105:113

Филаделфија-Милвоки 98:112

Атланта-Голден Стејт 111:119

Шарлот-Индијана 100:88

Мемфис-Бруклин 109:122

Сан Антонио-Хјустон 112:110

Јута-Њу Орлеанс 88:83

ЛА Клиперс-Бостон 116:102

Денвер-Сакраменто 108:96

Детроит-Чикаго 109:95. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе