Ленард израмни рекорд на Коби и Леброн

Кавај Ленард продолжува со импресивни настапи во плеј-офот, откако рано изутринава помогна на Торонто да поведе со 3-1 во финалето на НБА по победата со 105:92 над Голден Стејт.

Крилото нанижа 36 поени, а на овој начин се нареди до легендите Коби Брајант и Леброн Џејмс. За Ленард тоа беше четиринаесетти натпревар од плеј-офот оваа сезона, во кој постигна најмалку 30 поени, а на овој начин тој го повтори постигнувањето на двете суперѕвезди кои го држат рекордот за најмногу дуели со 30 или повеќе поени во рамките на еден плејоф во последните 10 години.

Дваесет и седумгодишниот кошаркар постигна 36 поени, 12 скокови и 2 асистенции во третата победа на Канаѓаните во финалето. Неговите просечни индикатори во елиминацијата оваа година се 30,9 поени, 9,0 скока, 4,0 асистенции и 1,5 украдени топки.

Досегашното му најсилно претставување во рамките на плеј-офот на даден сезона беше во 2016/2017 кога во 12 натпревари за Сан Антонио тој стигнуваше по 27,7 поени, 7,8 скока, 4,6 асистенции и 1,7 украдени топки.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе