Кошарка

Ленард ќе потпише договор со Лос Анџелес Клиперс

6. јули 2019 - 17:15 | МИА
Лос Анџелес, 6 јули 2019 (МИА) – Шампионот на НБА со тимот на Торонто, Каваи Ленард, кој е слободен агент, се подготвува да потпише договор со Лос Анџелес Клиперс, пренесе „ЕСПН“.

Дваесет и осумгодишниот кошаркар минатото лето се пресели во Торонто од Сан Антонио и за втор пат беше избран за МВП во финалето.

Пол Џорџ, исто така, ќе ја продолжи кариерата во Клиперс.

Оклахома ќе го замени за Шеј Гилџис-Александер, Данило Галинари и неколку први избори на Драфтот.

Коментирај