Лео Меси повторно најдобaр светски фудбалер

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за најдобар играч во светот во сезоната 2021/2022 го избра аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.

Во Париз се одржа церемонијата на доделување на наградите The Best, а во изборот учествуваа капитените и селекторите на сите светски селекции, како и новинари.

ФИФА ја доделува оваа награда врз основа на учинокот на играчите за периодот од август 2021 до 18 декември минатата година, а според мислењето на селекторите, капитените, новинарите и навивачите од сите земји во светот, најдобар играч во сезоната зад нас беше напаѓачот на ПСЖ.

URL

Иако имаше скромна клупска сезона во парискиот клуб, пресуден беше маестралниот настап на Светското првенство каде што ја предводеше Аргентина до светската титула, па Меси по седми пат го понесе епитетот најдобар играч во светот во изборот на ФИФА, меѓу кои и наградите што ФИФА ги доделуваше заедно со France Football пред да стане независна во 2016 година.

Зад Меси беа Килјан Мбапе и Карим Бензема.

Потсетуваме, претходните добитници на наградите на ФИФА за најдобар играч во светот беа: Лотар Матеус (1991), Марко ван Бастен (1992), Роберто Баџо (1993), Ромарио (1994), Жожџ Веа (1995), Роналдо (1996, 1997 и 2002), Зинедин Зидан (1998, 2000 и 2003), Ривалдо (1999), Луиш Фигу (2001), Роналдињо (2004 и 2005), Фабио Канаваро (2006), Кака (2006) Кристијано Роналдо (2008, 2013, 2014, 2016 и 2017), Лионел Меси (2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2022), Лука Модриќ (2018) и Роберт Левандовски (2020 и 2021).

Останати награди:

Најдобар тренер - Лионел Скалони (Аргентина)

URL

Најдобар голман - Емилиано Мартинес (Астон Вила/Аргентина)

URL

Пушкаш награда за најдобар гол - полскиот парафудбалист Марчин Олексиј, човек кој нема една нога и игра со патерици, постигна гол со ножички.

URL

Во идеалниот тим се најдоа: Тибо Куртоа; Ашраф Хакими, Жуау Канселу, Вирхил ван Дијк; Кевин Де Брујне, Лука Модриќ, Каземиро; Лионел Меси, Килјан Мбапе, Карим Бензема и Ерлинг Холанд.

URL

Најдобра фудбалерка во светот е Алексиа Путељас (Барселона/Шпанија).

URL

Фер плеј награда - Лука Лочошвили, кој додека играше за австриски Волфсбергер на натпревар против виенска Аустриа во февруари 2022 му го изваде јазикот на онесвестениот Георг Тајгл, со што му го спаси животот. Лочошвили сега ги брани боите на калчолигашот Кремонезе, а е репрезентативец на Грузија.

URL

Награда за најдобри навивачи - Аргентина, поради одличното навивање на Мундијалот во Катар.

URL
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе