Славниот актер Леонардо Дикаприо не е во нова љубовна врска. Шпекулациите за наводната врска дојдоа откако е фотографиран пред ресторан по вечера со 23-годишната актерка Викторија Ламас на која присуствувале и други луѓе, пренесе Page Six.
Ламас е ќерка на актерот Лоренцо Ламас, а има глумено во кратките филмови „The Last Thing the Earth Said“, „Two Niner“ и „Virtuous Role“. Исто така, работи и како модел.
Актерот летово беше во центарот на вниманието откако раскина со долгогодипната девојка Камила Мороне, еден месец по нејзиниот 25 роденден.
„Кога девојките ќе наполнат 25 години, бараат повеќе од врската. Сакаат да се омажат, да оформат семејство. Лео не го сака тоа. Не сака семејство и не сака да биде со жена која го притиска поради тоа“, изјави тогаш извор за таблоидите.
Леонардо во последните месеци го поврзуваат со 27-годишната Џиџи Хадид, па наводната вест дека е во врска со 23-годишната Викторија предизвика реакции во јавноста.