Леонардо Дикаприо откри која актерка ја смета за најдобра во светот

Леонардо Дикаприо важи за едно од најпознатите имиња во светот и во Холивуд, а важи и за еден од најдобрите актери на својата генерација. Некои од неговите најзначајни улоги се Џек во „Titanic“ и Џордан Белфорт во „The Wolf of Wall Street“, а за улогата во „The Revenant“ доби и Оскар.

Кариерата ја започна во серијата „Growing Pains“, а неговата улога во филмот „What's Eating Gilbert Grape“ од 1993 година го привлече вниманието на критиката и публиката.

Истата година глумеше во филмот „This Boy's Life“ заедно со Роберт Де Ниро. Го опиша тоа искуство за Time Out како едно од најважните во неговата кариера.

„Имав 15 години и се сеќавам на секој детаљ. Сè беше ново за мене. Гледањето на Роберт Де Ниро на снимањето, гледањето на неговата посветеност беше едно од најважните искуства во мојот живот“, изјави Дикаприо.

Зборувајќи за тоа која ја смета за најдобра актерка, откри дека најмногу е импресиониран од Мерил Стрип, со која работеше на филмот „Marvin's Room“ од 1996 година.

„Имав 18 години кога работев со Мерил. Гледајќи ја зад камерата размислував како ќе биде нејзината изведба на екранот, а подоцна кога го гледав филмот во кино помислив дека таа е без сомнение најдобрата актерка во светот“, објасни Дикаприо.

Remote video URL

Соработката со Мерил Стрип продолжи во филмот „Don't Look Up“ каде што се пробаа во нетипични улоги. Дикаприо низ годините доби многу номинации за Оскар, но дури со улогата во филмот „The Revenant“ од 2015 година ја доби престижната награда и потврди зошто важи за еден од најголемите актери на сите времиња.

реклама

Хороскопски знаци на кои ќе им „паѓаат пари од небо“ во 2026 година

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Ново сценарио за Гренланд е сè поверојатно: „Тоа е трајна стапица“

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Read more

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Read more

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Read more

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе