Фудбал

Леонардо „го краде“ Донарума од Милан

15. јуни 2019 - 18:00 | К.З.

Сега веќе поранешниот спортски директор на Милан, бразилскиот легендарен фудбалер Леонардо, кова одмазда за неговиот доскорешен клуб. Тој се врати на функцијата спортски директор во ПСЖ, а овојпат има намера со себе да го донесе еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Неговото долгогодишно искуство во Серија А беше видливо уште во првиот ангажман во ПСЖ, кога во тимот донесе играчи како Златан Ибрахимовиќ, Максвел и Марко Верати, а овојпат ќе влезе во летниот трансфер период уште поамбициозно.

Според француските медиуми, првите две мети за засилување на составот на ПСЖ се двајца млади играчи од италијанската лига кои ги полнат насловните страни во последните неколку години. Станува збор за Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио) и Џанлуиџи Донарума (Милан), кои се исто така беа поврзувани со Јувентус и Интер, како и неколку други големи европски клубови.

За популарниот СМС, ПСЖ е подготвен да плати до 75 милиони евра, но сметките на францускиот клуб може да ги помати Лацио, кој инсистира дека нема намера да го продаде Србинот за помалку од 100 милиони евра. Од друга страна, Милан би можел да биде нешто пореален во врска со цената на нивниот голман-првотимец, барајќи околу 60-65 милиони за неговиот трансфер.

Минатата сезона ПСЖ повторно беше доминантен во домашните натпреварувања, но тотално ги разочара своите навивачи откако беше поразен од Манчестер Јунајтед во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Коментирај