L'Equipe не штедеше навреди за Ѓоковиќ, дури и на лично ниво

Не е тајна дека Новак Ѓоковиќ не е најомилениот тенисер на љубителите на „белиот спорт“.

Навивачите го исвиркуваат, новинарите го напаѓаат, а да не спомнуваме како реагираа светските медиуми на корона скандалот во Задар. И самиот Ноле повеќе пати призна дека таквиот непријателски тон не му се допаѓа, но дека навикнал на тоа низ годините и научил да се храни од негативната енергија насочена кон него.

Денеска француски L'Equipe отиде чекор подалеку и објави текст со наслов „Нема љубов за Ѓоковиќ“, во кој новинарката Кристел Бонет жестоко го напаѓа српскиот тенисер, дури и на личен план.

„Зошто сакаме некого? Или да ја скратиме приказната, зошто сакаме еден спортист повеќе од друг? Се изнервиравте кога слушнавте дека Новак Ѓоковиќ го освои Австралија Опен. Типот го освои девет пати, има 18 Грен слема, скоро колку Рафа Надал и е прв 310 недели, исто како Роџер Федерер.

Ти немаш освоено Грен слем и најверојатно ја немаш поминато ни Candy Crush. Ноле можеше да игра против панголин кој не знае да кива во лакт и ти пак немаше да се двоумиш дали да не навиваш за него. Има повеќе хипотези за ова, можеби станува збор за неговиот арогантен став, но ако сте биле обожавател на Иван Лендл, тогаш веројатно тоа не е причината. Можеби е бидејќи стигна по тандемот Федерер-Надал, што не остави многу љубов за него. Или можеби тоа е поради неговата преголема желба да биде сакан, како што рече секогаш љубезниот Ник Киргиос: ‘Толку многу сака да биде сакан, што не можам да го поднесам“, напиша Бонет, отворено сомневајќи се дека Ѓоковиќ симулирал повреда за време на Австралија Опен.

„Вистината е дека ништо не му помага. Без разлика дали го скрши ракетот или е внимателен со собирачите на топки, во најлош случај тоа ве нервира, во најлош случај ве нервира, а во најдобар не ве интересира. Во Австралија, тој тврдеше дека играл со искинат абдоминален мускул од 2,5 сантиметри. Дури и суперхерои би страдале во таква состојба. Запомнете, тој го освои Австралија Опен со серви од 200 км/ч наводно со Маријанска бразда во стомакот. Тој те нервира. Не затоа што направил повеќе од тебе, туку бидејќи едноставно те нервира“, заклучува Бонет.

Оригиналниот текст на Бонет може да го прочитате ТУКА.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе