Лесновска ликовна колонија во Куманово

На 20 февруари, четврток, со почеток во 12:30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена 32-та Меѓународната Лесновска ликовна колонија. Изложбата содржи триесеттина дела работени во повеќе ликовни техники.

Меѓународната Лесновска ликовна колонија започнува да се организира далечната 1992 година. Организатор на колонијата е Дом на културата „Злетовски рудар“ – Пробиштип, со финансиска подршка од Општина Пробиштип, a оваа година е избрана на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата 2024 година. Денес таа прераснува во голема културна манифестација и е препознатлив белег на Општина Пробиштип. Стотици уметници од многу краеви на светот учествувале на Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи голем број на уметнички дела кои се дел од богатата збирка на уметнички дела при Домот на културата „Злетовски рудар“ – Пробиштип.

На 32-та Лесновска ликовна колонија учество зедоа 17 уметници, најмногу од нашата држава, но и уметници од Бугарија и Канада. На оваа колонија се насликаа 34 уметнички дела. Колонијата се одржа од 25.06.2024-30.06.2024 година. Уметници учесници на 32-та Лесновска ликовна колонија се: Бисер Лапев, Васил Гаврилов, Бојан Тосевски, Христина Стојчевска, Јулија Манојловска, Десислава Лапева, Зоран Нанев, Ива Станковска, Иштар Бисерова-Лапева, Мајк Клоус, Ѓоко Антониев, Маринела Миланова, Мики Иванов, Пирин Македонски, Трајан Трајковски и Филип Добривоевски.

Изложбата ќе биде поставена до 5 март.

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Read more

Најдобриот природен лек за црниот дроб што чини само 1 евро

Read more

Од понеделник ново депо на Пајак службата на ПОЦ

Read more

Култура

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more

Женското рели денеска ќе ги размрда улиците во Скопје

Read more

Cамостојна изложба на Анита Огњановска

Read more
 

Вести

Кавадарчанец со BMW дрифтал на улиците, МВР му го одзеде возилото поради создавање бучава

Читај повеќе

Левица предложи 18 месеци платено породилно отсуство

Читај повеќе

Трамп: Разговарав со Путин, го повикав да ги поштеди животите на украинските војници во Курск

Читај повеќе

Мицкоски: Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди

Читај повеќе

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8

Читај повеќе

Српскиот парламент затворен за прaтениците и вработените - поради најавениот голем протест

Читај повеќе
  • filter

Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Читај повеќе

Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на Tesla

Читај повеќе

Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп

Читај повеќе