УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Лестер и Арсенал ја минаа групната фаза, големи победи за Динамо и Звезда

Премиерлигашките клубови Лестер и Арсенал обезбедија место во наредната фаза, Милан не успеа да слави кај Лил, додека важни победи остварија Динамо Загреб и Црвена звезда во 4. коло од Лига Европа фазата по групи.

Лестер на гостувањето кај Брага избегна прв пораз откако прими гол во последната минута, за потоа нововлезениот Варди да спаси бод длабоко во надополнувањето. Овој бод беше доволен за Лестер да си резервира место во нокаут фазата.

Брага - Лестер 2:2
4' Али Елмусрати, 24' Паулињу, 90' Франсержиу - 9' Харви Барнс, 78' Лук Томас, 90'+5 Џејми Варди

Милан поведе на гостувањето во Франција, но фудбалерите на Лил успеаја да израмнат и да се задржат на првото место групата. Бидејќи прашка Спарта го преслуша Селтик, во последните две кола овие три тима ќе решаваат за двете места кои водат понатаму.

Лил - Милан 1:1
65' Жонатан Бамба - 46' Саму Кастиљехо

Откако Швеѓаните цело полувреме оддолеваа, Арсенал по паузата во пет минути постигна два гола и обезбеди победа над Малме, победа со која си го завери пласманот во наредната фаза.

Молде - Арсенал 0:3
50' Никола Пепе, 55' Рис Нелсон, 83' Фоларин Балогун

И тоа како важни три бода прокнижи загрепски Динамо на гостувањето во Австрија. Со два гола во последните половина час го совлада Волфсбергер, а асистент на вториот погодок беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Со оваа победа Динамо е сега лидер во К групата со 8 бодови.

Волфсбергер - Динамо 0:3
60' Ловро Мајер, 75' Бруно Петковиќ, 90'+1 Лука Иванушец

Големи три бода освои и белградска Црвена звезда на гостувањето во Белгија. Уште во 2. минута гостите поведоа, за по паузата да го дуплираат водството. На двата гола им кумуваше коморскиот репрезентативец Ел Фарду Бен.

Гент - Црвена звезда 0:2
2' Његош Петковиќ, 58' Немања Милуновиќ

Останати резултати:
АЕК - Зорја 0:3
ЦСКА Москва - Фејнорд 0:0
ЦСКА Софија - Јанг Бојс 0:1
ЛАСК - Антверп 0:2
Слован - Хофенхајм 0:2
Макаби Тел-Авив - Виљареал 1:1
Карабаг - Сиваспор 2:3
Спарта - Селтик 4:1

Останатите натпревари се играат од 21 часот.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе