ПРЕМИЕР ЛИГА 2024/2025

Лестер се жали на примениот гол, веруваат дека ВАР ги измамил со различните кадри

Не требаше многу време за повторно да се крене прашина во англиската Премиер лига околу одлуките на ВАР, а најновата жртва е Лестер.

Минатиот викенд повратникот Лестер водеше со 2:0 на гостувањето кај Кристал Палас, а на почетокот на вториот дел домашните намалија на 2:1 со голот на Жан-Филип Матета.

Во 47. минута голот на Матета беше поништен од судијата Тони Харингтон поради офсајд на асистенција на неговиот помошник, но од ВАР собата му порачаа да почека со продолжението на играта додека не ја прегледаат снимката.

По кратко размислување, од ВАР му рекоа на Харингтон да ја откаже својата одлука и да го признае голот бидејќи по исцртувањето на линиите Матета не бил во офсајд.

Матета потоа погоди и во последните моменти од натпреварот за конечни 2:2, а денеска Лестер се жалеше на одлуката на ВАР бидејќи сметаат дека се оштетени.

Имено, англиската Премиер лига направи профил за оваа сезона на социјалната мрежа Х каде ги објавуваат сите ВАР одлуки, а на него објавија две фотографии на кои Матета не е во офсајд по исцртување на линиите.

Сепак, во Лестер не веруваат дека двете фотографии се потполно од истиот момент на натпреварот, бидејќи на едната не се гледа моментот во кој Тајрик Мичел ја уфрла топката, додека на другата се гледа дека Матета навистина е во офсајд.

Remote video URL

Полуавтоматската офсајд технологија, која е непогрешлива во овие ситуации, во Премиер лигата ќе биде воведена дури во октомври, а Лестер побара детална анализа и објаснување на ситуацијата, но навистина е тешко да се очекува дека одлуката ќе биде променета.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе