Живот

Лет од иднината: Луксузен апартман во облаци

19. јули 2018 - 14:45 | А.С.

Најновите фотографии од најголемото патничко летало на светот покажуваат како ќе изгледа раскошниот ентериер во приватните апартмани и непречената глетка на целиот хоризонт за време на летот.

Hybrid Air Vehicles (HAV) и Design Q го покажаа Airlander 10 со сѐ што има да понуди луксузната патничка кабина што ќе го смени начинот на кој го гледаме луксузот на патничкиот авиотранспорт.

Авионот вреден 25 милиони фунти беше направен во 2012 година и беше наречен „летечко газе“ поради обликот на леталото. До 2016 година беше користен само од Американската армија. Сега е редизајниран за приватна употреба во најраскошниот авион што може да го замислите.

Во кабината може да се сместат 18 патници и членови на екипажот и да тргнат на тридневна непрекината експедиција.

HAV соопшти дека се подготвени за производство и дека може да прават измени по барање на клиентите.

Коментирај