Превртениот колач со сливи и капини е совршен десерт за летните денови.
Состојки:
45 гр. путер на собна температура
70 гр. шеќер
180 гр. капини
300 гр. сливи без семки, исечени на кришки
За тесто:
115 гр. путер на собна температура
200 гр. шеќер
Две јајца
1 лажичка екстракт од ванила
200 гр. брашно
Две кесички прашок за пециво
Цимет
Сладолед од ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подгответе округлеста тава со пречник од триесет центриметри и намачкајте со путер. Сипете 70 гр. шеќер, па наредете ги капините и сливите рамномерно во тавата.
Со миксерот изматете го путерот и остатокот од шеќер додека да добиете пенлива смеса, потоа додавајте ги јајца едно по едно и миксирајте додека да се соединат. Потоа додајте екстракт од ванила.
Брашното, циметот и прашокот за пециво промешајте ги во друга чинија, па сипувајте ги пополека во смесата за јајца, миксирајќи цело време за да добиете еднаква текстура.
Смесата сипете ја во тава преку овошјето, па печете околу 60 минути. Оставете го колачот да се излади. Послужете со сладолед.