Лето 2018: Турција и „all inclusive“ аранжманите побарани од Грција

Скопје, 22 јули 2018 (МИА) - Во екот на туристичката сезона аранжманите што ги нудат туристичките агенции се речиси распродадени. Продажбата е слична како и минатата година, а во некои агенции продадени се скоро 90 проценти од аранжманите.

Туристичките агенции се задоволни од тоа како досега се одвива продажбата и велат дека аранжманите се продаваат. Во дел од агенциите се уште има слободни места, а некаде може да се најдат и понуди „last minute“.

- Иста е побарувачката како минатата година, нема некое опаѓање. Аранжманите се продаваат. Авионите се полнат околу 90 проценти. Не можеме да кажеме дека до крајот на септември сме полни, но сместувачките капацитети се полнат, велат од туристичката агенција „Фибула“.

Слична е ситуацијата и во останатите туристички агенции каде капацитетите што ги нудат се претежно пополнети барем што се однесува за Грција и Турција за каде е и најголем интересот од страна на македонските граѓани.

- На трите крака во Грција продажбата оди одлично. Нема место до август. Се е полно засега, велат од туристичката агенција „Атлантик турс“, од каде посочуваат дека се задоволни од досегашната продажба и оти секоја година го зголемуваат закупот.

Најголема побарувачката за Грција и Турција

Најмногу се бараат сместувачките капацитети во соседна Грција, но годинава зголемен е интересот и за Турција каде се нудат пакети со авионски превоз и хотелско сместување за релативно пристојни цени. Се нудат Кемер, Аланија, Кушадаси со понуди „all inclusive“ и „ultra all inclusive“. Одмор во солиден хотел со „all inclusive“ понуда за седум дена во Турција во просек чини околу 400 евра со авионски превоз и сите дополнителни трошоци.

Од туристичката агенција „Савана“ велат дека годинава имаат поголем интерес за Турција отколку за Грција.

Причината, како што наведуваат агенциите, се квалитетната услуга, пристапните цени и можностите што ги нудат хотелските капацитети во Турција.

- Најмногу интерес има за Турција пред се поради квалитетната услуга, цените и хотелите што се нудат. Квалитетната услуга е предуслов за одлучување да се оди во Турција, но имаме и клиентела која сака да оди за Грција, истакнуваат од туристичката агенција „Фибула“.

Интересот за Грција е константен, иако годинава аранжманите се поскапи за разлика од лани и како новина воведена е туристичка такса чија висина се движи од 0,5 до 4 евра во зависност од сместувањето.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе