Египетските власти денеска одлучија да ги укинат сите ограничувања за влез на странски туристи и граѓани поради коронавирусот.
Оваа одлука е донесена врз основа на подобрување на епидемиолошката состојба и добра стапка на вакцинација, пишува египетскиот портал Sada El Balad.
Не се наведува кога ќе стапи на сила одлуката за укинување на мерките за коронавирусот.
За влез во Египет, според досега важечките мерки, потребна е потврда за вакцинација на една од вакцините одобрена од Светската здравствена организација (СЗО) или руската Спутник или негативен ПЦР тест.