УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Левандовски го надмина Раул и стана трет најдобар стрелец во ЛШ

Полјакот сега е трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони откако со вчерашниот гол го надмина легендарниот напаѓач на Реал Мадрид.

Само 9 минути му беа потребни на Роберт Левандовски за да постигне гол против Лацио синоќа во Рим. По едно лошо додавање кон голманот Пепе Реина, Левандовски ја украде топката, го заобиколи шпанскиот голман и ја затресе мрежата.

Тоа беше гол број 72 за Полјакот во Лигата на шампионите со што се проби на третото место на вечната листа оставајќи го зад себе Раул Гонсалес со 71 гол.

Левандовски тие 72 гола ги има постигнато на 95 натпревари со што има високот просек од 0,76 голови по натпревар. Од тие, 17 ги постигнал во дресот на Борусија од Дортмунд, додека 55 за Баерн.

Според просекот, ненадминлив е Алфредо Ди Стефано кој на 58 натпревари има 49 голови и просек од 0,84. Тој до ваков рекорд стигна играјќи за Реал Мадрид во периодот 1955-1964.

На вечната листа убедливо прв е Кристијано Роналдо со 134 голови, а втор е Лео Меси со 119.

Топ 10 надобри стрелци во ЛШ (голови/натпревари/просек):

  1. Кристијано Роналдо 134 / 175 / 0,77
  2. Лионел Меси 119 / 148 / 0,80
  3. Роберт Левандовски 72 / 95 / 0,76
  4. Раул Гонсалес 71 / 142 / 0,50
  5. Карим Бензема 69 / 125 / 0,55
  6. Руд ван Нистелрој 56 / 73 / 0,77
  7. Тјери Анри 50 / 112 / 0,45
  8. Алфредо Ди Стефано 49 / 58 / 0,84
  9. Андриј Шевченко 48 / 100 / 0,48
  10. Златан Ибрахимовиќ 48 / 120 / 0,40
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе