Фудбал

Левандовски: Кутињо брзо ќе се адаптира

17. август 2019 - 15:35 | МИА
Минхен, 17 август 2019 (МИА) – Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски изрази задоволство од привлекувањето на Филипе Кутињо, кој доаѓа од Барселона за една сезона со опција за откуп.

– Ова е фантастичен играч и одлично засилување. Мислам дека нема да потрае долго за тој да се прилагоди на нашата шема и идејата за игра. Тој е тип на спортист кој може да се навикне на секоја промена без никакви проблеми, изјави Полјакот.

Кутињо треба да пристигне во Минхен утре или во понеделник. Тој немаше целосна подготовка со Барселона затоа што беше вклучен во Копа Америка.

Синоќа Баерн го привлече и младиот играч од средниот ред на Менхенгладбах, Михаел Куизанс, а пред неколку дена го ангажираше и Иван Перишиќ од Интер.

Сепак, Левандовски не смета дека ова е крај на трансферите во Баерн.

– Сега можеме да бидеме задоволни од екипата, но знам дека може да се случи уште нешто, рече Лева, кој во петокот ги постигна двата гола за својот тим при ремито 2-2 со Херта (Берлин) во воведниот натпревар од сезоната во Бундеслигата.

Коментирај