Полскиот фудбалер Роберт Левандовски не доби Златна топка, Лео Меси по седми пат во кариерата ја освои наградата. По доделувањето, Левандовски, кој заврши на второто место, објави соопштение во кое им се заблагодари на сите важни луѓе во неговиот живот.

Иако многумина очекуваа дека Левандовски ќе ја добие Златната топка, сепак по седми, историски пат таа заврши во рацете на Лео Меси. Левандовски доби награда за најдобар напаѓач во светот, а преку Instagram испрати порака и му честита на Меси.
„За почеток, сакам да му честитам на Лео Меси за освојувањето на Златната топка. Сакам да му се заблагодарам на секој новинар кој гласаше за мене и кој смета дека моите достигнувања во 2021 беа важни. Ја освоив наградата за најдобар напаѓач на годината и ниту еден играч не може да освои индивидуална награда без силен тим и лојални поддржувачи зад себе“, порача Левандовски.
Напаѓачот на Баерн нагласи дека за сè е најважно семејството и дека од таму црпи сила и инспирација.
„Сакам да му се заблагодарам на мојот Баерн поради можностите да успеам да ги исполнам моите соништа. Им благодарам на сите соиграчи од репрезентацијата на Полска и од Баерн. Исто така, им благодарам и на навивачите кои ме поддржуваа секој ден и тоа многу ми помогна, и што е најважно, големо благодарам за моето семејство. Ти благодарам, мамо, ти благодарам Ана - ти си љубовта на мојот живот и мојот најдобар пријател. Благодарност и до мојата сестра Милена и на сите пријатели и менаџери за континуираната поддршка, фондација на моите успеси. Ви благодарам“, порача Левандовски.
Лео Месо, по добивањето на наградата, изјави дека Левандовски ја заслужи Златната топка.