Левандовски: Од Пеп научив поинаку да го гледам фудбалот

Златната копачка на Европа упати пофални зборови до неговиот поранешен тренер, каталонскиот стратег Пеп Гуардиола.

Роберт Левандовски и натаму прави дар-мар во минхенски Баерн. Со постигнати 284 голови во Бундеслигата, или вкупно 499 во својата клупска кариера збогатени со 72 за репрезентацијата на Полска, популарниот Лева е веќе еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.

И кога еден таков играч ќе упати пофални зборови за еден тренер, па макар тоа бил славниот Пеп Гуардиола, тие зборови имаат тежина.

„Гуардиола ме научи поинаку да го гледам фудбалот.  Да ги разберам движењата, тактиките, како да ги користам во игра. По соработката со него, поинаку размислувам во играњето, бидејќи фудбалот го гледам и од страна, од поинаков агол“, вели Левандовски говорејќи за Marca.

Левандовски во Баерн дојде во јули 2014 година кога Пеп веќе беше таму. Двајцата соработуваа во наредните две сезони, сѐ додека Пеп не замина во Мначестер Сити летото 2016 година.

„Почнав да разбирам кој погрешил, кој одиграл подобро, како да се биде еден чекор пред противникот. Зборувавме за тие работи, Пеп често му ги објаснуваше тактиките. Еднаш ми рече: 'Не можам да ти помогнам да станеш подобар напаѓач, бидејќи ти веќе си одличен, но можам да им помогнам на твоите соиграчи да ја носат топката во шестнаесетникот, а потоа ти знаеш што да правиш'“, додава тој.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе