Левандовски сака во Барса за да докаже дека е подобар од Бензема

Ова го тврди поранешниот агент на полскиот голгетер, Цезариј Кухарски.

Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски, инсистира да се пресели во Барселона, бидејќи сака да докаже дека е подобар напаѓач од центарфорот на Реал, Карим Бензема, изјави поранешниот менаџер на полскиот репрезентативец, Цезариј Кухарски, пренесуваат шпанските медиуми.

Тој повтори дека Левандовски по секоја цена сака да го напушти Баерн.

„Тој сака да докаже дека е подобар од Бензема, а тоа е само уште една причина зошто се одлучи за Барселона. Тоа ќе може да го направи само ако игра во истата лига со напаѓачот на Реал Мадрид. Левандовски нема соништа, бидејќи за него фудбалот е работа, а Роберт е многу професионален. Реал и Барселона се клубови кои се на исто ниво“, изјави Кухарски за најпознатото шпанско радио, Cadena SER.

Тој беше агент на полскиот напаѓач до 2018 година, а потоа Левандовски реши да соработува со Пини Захави.

„Барселона и Левандовски ќе се борат да ја завршат работата. Менаџерите на Баерн знаат дека тој сака да замине во Шпанија. Неговиот план беше да замине од Германија во Шпанија, а потоа да ја заврши кариерата во американската МЛС лига“, додаде Кухарски.

Шпанските медиуми потсетуваат дека се водат преговори меѓу челниците на Барселона и Баерн, дека Каталонците се подготвени да дадат 50 милиони евра за полскиот напаѓач, додека Баерн бара 10 милиони повеќе.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе