Левандовски: Сакав да му покажам на Баерн дека можам да си заминам

Минхен, 10 октомври 2018 (МИА) - Голгетерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски потврди дека во текот на летото добил повеќе понуди. По крајот на сезоната, неговиот агент откри дека напаѓачот сакал да ја напушти „Алијанц арена“ поради недостаток на поддршка од раководството.

Полјакот беше несреќен бидејќи на крајот на кампањата бил посочуван како виновник за раната елиминација во Лигата на шампионите. На крајот, сепак, Лева остана во тимот.
 
- Не сум разочаран што не заминав. Но, кога почувствував поинаков став од клубот кон мене, одлучив отворено да го кажам тоа. Сакав да покажам дека ако нешто не ми се допаѓа, можам и да си заминам, изјави Левандовски за полското издание на Sportowe Fakty.
 
Му било загарантирано дека ќе биде меѓу најважните играчи и се откажал од неговите планови да се спакува. Но, тој исто така бил свесен дека клубот тешко ќе го продаде.

- Знаев дека каква понуда ќе пристигне, одговорот од Баерн ќе биде „Не, не, не“. Само сакав да го изразам своето незадоволство. Останувам тука и повторно се борам за да ги постигнам највисоките цели, увери 30-годишниот фудбалер.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе