Пини Захави, агентот на Роберт Левандовски наводно дошол до устен договор со челниците на Реал за премин на напаѓачот на Баерн во Реал Мадрид.
Левандовски (29) е под договор со „Баварците“ до 2021 година, но според „Mundo Deportivo“, Полјакот смета дека ова му е последна шанса да потпише скап договор.
По состанокот со челниците на „кралскиот клуб“, луѓето од екипата на полскиот напаѓач дошле до спогодба за договорот што би го потпишал Левандовски, а тој би бил на најмалку две години, со значително зголемување на платата.
Реал со потписот на Левандовски најверојатно би се повлекол од носење на некои од ѕвездите со кои го поврзуваа клубот, како Нејмар да Силва и Хари Кејн.
Поранешниот играч на Борусија Дортмунд потпиша за Баерн во 2014 година, а досега во 183 настапи забележа неверојатни 142 гола.