Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен пропуст на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој предизвика оправдано прашање за нивната ефикасност.

„Се работи за скандалозен случај со верски екстремизам, односно за оџата Ахмет Калаја, исламски свештеник, на кој во април 2023 година му бил ЗАБРАНЕТ влез во Република Македонија поради безбедносни причини! Но, минатиот период, овој верски екстремист одржал проповед и говор во Албанскиот театар во Скопје. Проповедта се случила пред поголема група луѓе, на настан организиран од издавачката куќа Нур, која ја претставува оџата Беким Халими (поврзуван со Ал Каеда). На настанот присуствувале и малолетни деца, што дополнително ја засилува загриженоста за безбедносните ризици“, објави Левица.

„Прашањето што се поставува е како е возможно ова лице, кое претходно било сметано за опасност, да влезе во земјата и да одржи јавен настап, без да биде спречено од АНБ. Овој инцидент поставува сериозни прашања за капацитетот на АНБ да се справи со ризиците и да ја заштити безбедноста на државата“.

Од Левица побараа одговор од новиот директор на АНБ - Бојан Христовски за овој сериозен безбедносен пропуст кој државата ја изложува на верски радикализам.

„Во време кога безбедноста на земјата треба да биде на прво место, вакви инциденти само ја нарушуваат довербата во безбедносните институции и поставуваат сериозни прашања за нивната способност да се справат со актуелните закани“, додаваат од Левица.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Македонија

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Read more

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Read more

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Read more

Земјотрес во Охрид

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе