Левица: Аспарагус, папаја, манго, леб за 440 денари за Владата, а народот тоне во сиромаштија

Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја, владиниот врв се гоштева на грбот на граѓаните. Имено, Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучи милионски договори за полнење на стомаците на владините функционери со скапи деликатеси, велат од Левица.

Наместо, како што истакнуваат, веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра, владејачката коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ избра да троши народни пари на егзотични овошја и храна која е недостижна за обичниот работник: папаја, аспарагус, манго, ананас, авокадо, леб од по 100 до 440 денари и многу друго.

Во исто време, потсетуваат дека трошоците за живот вртоглаво растат – синдикалната кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 6.089 денари, а храната поскапена за 10,43%. „Власта наместо да ги штити работниците, без срам ја покажува својата вистинска политика – привилегии за богатите, беда за народот. Тоа се покажува и со нивните скапи патувања без никаков придонес за државата, бизнис класи, приватни авиони, најавите за купување на нов владин авион, дрското одбивање на предлогот за кратење на патните трошоци“.

Левица, како што нагласуваат од оваа партија, остро се спротивставува на оваа неодговорна и понижувачка политика.

„Ако Владата не го прифати предлогот на ССМ, Левица ќе поднесе законско решение за зголемување на минималната плата.

Ова не е економска криза – ова е класна војна, во која власта свесно го гази народот за да ги нахрани своите олигарси. Додека работниците одвај преживуваат со мизерни плати, нивните пари се трошат на гурмански луксузи за владините паразити. Или Владата веднаш ќе го прифати зголемувањето на минималната плата, или ќе се соочи со отпор што нема да може да го игнорира“, велат од Левица.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Македонија

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Read more

Минчев: Јавната администрација не е трошок, таа е инвестиција 

Read more

Груби излегува од притвор на 13 октомври, нуди гаранција од 335.707 евра за пасошот

Read more

По пријавените несакани реакции: И Македонија ја одложува вакцинацијата со бугарската БСЖ вакцина

Read more

Вести

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе

Дали е неизбежна нова војна на Блискиот Исток? 

Читај повеќе
Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Читај повеќе

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Читај повеќе

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Читај повеќе

Минчев: Јавната администрација не е трошок, таа е инвестиција 

Читај повеќе