Македонија

Левица бара повисоки гласачки паравани поради тајност при гласањето

17. февруари 2020 - 18:15 | Ф.З.

Со поднесување на официјален предлог до Државната изборна комисија, политичката партија Левица побара набавка на нови паравани за гласање по теркот на меѓународните стандарди.

„Со досегашните гласачки паравани, кај нас, е овозможено визуелно да се следи погледот на очите и движењето на рацете на гласачот (!?), што е недозволиво и претставува директна повреда на тајноста на гласањето, затоа што присутните во просторијата, во зависност од редните броеви на кандидатите испишани на гласачкото ливче (горе или долу), многу лесно можат да претпостават или погодат за кого гласал конкретниот гласач кој со пенкало го заокружува редниот број – а кој, подоцна, знаејќи го нивото на општа партизираност во државава, може да има негативни реперкусии во својот приватен или професионален живот“, стои во соопштението на Левица.

Тоа укажува дека гласачките паравани во Македонија не ги задоволуваат во целост меѓународните стандарди за заштита на тајност при гласањето, но засега немало најави дека конечно ќе бидат набавени нови, повисоки.

Коментирај