Левица до ВМРО-ДПМНЕ: Спречете го Касами во именувањето тетовски улици по балисти бришејќи антифашисти

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ, како коалициски партнери на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Општина Тетово и на централно ниво, да преземат итни мерки и да го запрат процесот на преименување на над двесте тетовски улици, со кој се наметнува големоалбански шовинизам и се брише антифашистичката историја на македонската држава, велат од Левица.

„Оваа практика претставува системско уништување на заедничката антифашистичка борба, која е темел на македонската државност, и инсталирање врховистичко-балистички елементи како дел од поширок обид за ревизионизам на македонскиот идентитет. За жал, овој чин е продолжение на веќе започнатиот процес на именување и преименување на скопските улици со имиња на балисти“, вели црвената паретија алудирајќи на тоа дека неколку улици во главниот град веќе недозволиво носат имиња на фашисти.

„Според неофицијални информации, меѓу имињата што се заменуваат се и имињата на истакнати македонски антифашисти како Страшо Пинџур, Благоја Тоскоски-Тоска и Радован Цониќ, кои сега се заменуваат со имиња на фашистички колаборатори. Потсетуваме дека ваквите тенденции се спротивни на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, каде што јасно се наведува дека имињата не смеат да го нарушуваат угледот на Република Македонија, да навредуваат национални чувства на граѓаните или да го загрозуваат меѓуетничкиот соживот, јавниот морал и обичаите“.

Според Левица, историјата на македонскиот народ не е средство за политички пазарења.

„Ги повикуваме советниците од ДПМНЕ, како и вториот човек во Општина Тетово (исто така од ДПМНЕ), веднаш да заземат став и акција против овие политики. Дополнително, бараме Владата предводена од ДПМНЕ да се спротивстави на етничкиот инженеринг и иредентистичките политики на нивниот коалициски партнер ВРЕДИ“.

„Недозволиво е градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој континуирано ја деградира Македонија, Македонците и земјата да ја прогласува за трета албанска држава, а да поминува НЕКАЗНЕТ. Потсетуваме дека истиот градоначалник најави огромна финансиска поддршка за импровизираната Албанска академија на науки и уметности, промовира двојазични банкноти, и со гордост вее симболи на Голема Албанија, со што директно го поткопува суверенитетот и угледот на македонската држава“, стои во партиската објава.

реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Македонија

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Read more

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Read more

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Read more

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Read more
 

Вести

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Читај повеќе

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе

Додик се огласи за потерницата: БиХ е промашена и пропадната земја

Читај повеќе