На денешната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ гласаше против да се одблокира Законот за бранители, посочија од Левица.

„Имено, за дополнување на дневниот ред беше предложено да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, затоа што истиот не го става т.н. Закон за бранители на дневен ред и дефакто го блокира овој закон. Членовите на Комисијата од ДПМНЕ гласаа против барањето да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, со што свесно и намерно учествувааат во блокирањето на Законот за бранителите“, велат од Левица и додаваат:
„Со ваквото скандалозно гласање, се потврди дека ДПМНЕ во директна координација со Гаши го блокираат Законот за бранителите и повторно ги оставија на цедило припадниците на безбедносните сили. Додека премиерот Мицкоски има апсолутно мнозинство за конечно да го реши статусот на бранители, очигледно е дека со апсолутно мнозинство од 64 пратеници Мицкоски коленичи пред блокадите на ВЛЕН“.