Левица: И овој 8 Септември потсетуваме дека Уставното име на државата е Република Македонија

На денешен ден во 1991 година е одржан Референдумот за независност на Македонија! На Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани, односно 95,26% од оние што гласале биле ЗА суверена и независна држава Македонија, велат од Левица.

„По тој повод, денес на 33-годишнината од независноста на Mакедонија, делегација на Левица составена од членовите на Централниот комитет, Андреа Јанков, Гордана Велковска и Марјан Димитриев, положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци на НОБ во Алејата на великаните во Бутел.

И овој 8 Септември потсетуваме дека Уставното име на државата е Република Македонија!

Референдумот одржан на 30 септември 2018 година, за промена на уставното име беше неуспешен. Оттука, промената на уставното име на државата, како последица на Преспанскиот договор, којшто насила го склучи тогашната квислингшка власт (без потпис од претседателот) е ништовен!

Левица останува доследна на правото за самоопределување на народите и како партија не ги признава империјалистички наметнатите договори, спротивни на повелбата на ООН, коишто го нарушија суверенитетот на државата и угледот на Македонците!

Сметаме дека овие нелегитимни договори не треба да се почитуваат! Секоја наредна Влада која ги почитува истите, слободно, може да се смета за соучесник во најголемото предавство направено на македонскиот народ од тогашната влада на СДСМ“, стои во објавата на црвената партија.

реклама

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Read more

Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

Read more

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Read more

Македонија

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги за граѓани кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега Владата враќа нивни долгови

Read more

Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината

Read more

Министерот Минчев: Јавната администрација е некомпетентна, нестручна и непрофесионална

Read more
 

Вести

МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички

Читај повеќе

Американско оружје вредно милијарди долари оди во Саудиска Арабија и Емиратите

Читај повеќе
  • play_arrow

Дрога и оружје најдени за време на претрес во Липково, приведени две лица

Читај повеќе

Нобеловата награда за мир ја добија Јапонците кои ги преживеаја атомските бомби

Читај повеќе

Општина Центар обезбедува бесплатни советодавни услуги за граѓани кои биле жртви на насилство или друга злоупотреба

Читај повеќе

Протече изјава на братот на осомничениот за убиството на Данка

Читај повеќе

Американски војник осуден на 14 години за обид да ѝ помогне на Исламска држава

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Претходната власт испланирала буџет за половина година, а сега Владата враќа нивни долгови

Читај повеќе

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Читај повеќе