„Левица“ и Солза Грчева протестираат против НАТО пред Собранието

Поранешната пратеничка во Собранието на Република Македонија учествува на денешниот протести пред парламентот кој се случува во пресрет на обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред македонските пратеници.

Како што објави Грчева на социјалните мрежи, таа протестира против промената на името на Република Македонија.

„Ги повикувам сите поддржувачи на Глас за Македонија, да ми се приклучат на протестите утре во 11 часот пред Собрание. Ова е дел од поширока иницијатива. Јасно да кажеме дека имаме едно име: Република Македонија. Таму ќе има луѓе од различни идеолошки опции, но заедничко ни е што сакаме да си го одбраниме името и достоинството на македонскиот народ. Затоа, ГЛАСно за Македонија!“, напиша Грчева на својата официјална фејсбук страница.

На денешниот протест пред парламентот учествуваат и членови и приврзаници на политичката партија „Левица“ кои сметаат дека е потребно решавање на суштинските проблеми на земјата, сиромаштијата и невработеноста, а не замајување на народот со лажни приоритети, како зачленувањето во НАТО.

„НАТО е воен пакт, реликт од студената војна, а не безбедносен сојуз како што милуваат да го нарекуваат апологетите овој воен пакт“, истакнуваат од „Левица“.

Инаку, „Левица“ која отворено е против членството во НАТО, минатата година се спротистави на одржувањето на воената вежба на американските војници „Драгон Гардијан 2017“ во земјава. Четворица демонстранти од „Левица“ беа приведени па пуштени откако истакнаа транспарент на кој пишуваше „Против војна за профити“ за време на презентацијата на опремата на АРМ и на Армијата на САД во центарот на Скопје.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе