Левица: Имаме куп Албанци народни херои, а улици се именуваат по фашистички колаборатори

Правниот тим на Левица денеска поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на контроверзната Одлуката за именување на улици, донесена од страна на Советот на Град Скопје на ден 30 март 2021 година, со која улици во македонската престолнина добија и фашистички колаборатори.

Од Левица велат дека не е проблем улици да добиваат етнички Албанци, туку проблемот е што добиваат луѓе кои се бореле против македонската држава. Објавија повеќе имиња на етнички Албанци кои се бореле во НОБ против окупаторија и побараа тие да добијат улици наместо колабораторите на фашистите и нацистите.

„Оваа одлука донесена во времето на Петре Шилегов, освен што претставува популистичка мерка и обид за мобилизирање на изборни гласови од страна на албанското гласачко тело, претставува и директна спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади, поточно, ги навредува националните чувствата на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во Република Македонија.

Улиците кои со што се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хотла, кои што не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава“.

Remote video URL

Во оваа политичка партија велаат дека мотивот за поднесување на оваа иницијатива не е од етнички карактер, напротив, и наведоа Албанци кои ги дале своите животи за слободата во Втората светска војна.

„Македонската историја изобилува со Албанци кои што биле дел од антифашистичката борба и се бореле рамо до рамо со македонскиот народ и другите народи за независна и слободна македонска држава. Такви личности се Ибе Паликуќа, Кемал Аголи, Том Ник Ѓелај, Нафи Сулејмани, Шахи Мехмети, Мурат Бафтијари, Шаин Садику и многу други.

Левица како политичка партија која во своите редови има членови од сите етнички заедници, смета дека именувањето на улиците и другите објекти во Република Македонија треба да биде по личности кои што се дел од генезата на Република Македонија како слободна и независна држава и кои што се во духот на градење на соживот, базиран на зеднички антифашистички темели.

Од тие причини, се надеваме дека Уставниот суд ќе постапи по нашата Иницијатива и дека ќе постапи согласно Уставот и законите на РМ“, стои во објавата на Левица.

Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Read more

Македонија

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Read more

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела

Read more

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Read more

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник, соопшти МОН

Read more

Вести

  • play_arrow

Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба почна да им дели пушки на цивилите

Читај повеќе

ДУИ објави документи од Катастар што ги поврзуваат Висар Ганиу и Недим Рама: 7 објекти на иста парцела

Читај повеќе

Трамп сериозно му наштети на Нетанјаху: Ти си тотално луд

Читај повеќе

Косово денеска излегува на трети избори во 18 месеци

Читај повеќе
  • play_arrow

Пукање на фестивал во САД: 12 повредени, полицијата ги бара напаѓачите

Читај повеќе

Ерменија пред пресврт: Ѝ врти грб на Русија и сака да влезе во ЕУ

Читај повеќе

Нова ескалација во Заливот: Иран напаѓа американски цели во регионот, САД ги напаѓаат своите радари

Читај повеќе
  • filter

Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане

Читај повеќе