Левица: Ќе ставиме крај на диктатурата на широката коалиција

Пред свршен чин, кога станува јасно дека сите политички партии на олигархијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ дејствуваат координирано и останатите партии во Собранието учествуваат во орото кое тие им го свират, кога стана јасно дека во институциите преку Левица е претставена народната волја која се попречува на владеењето на овие бизнис-партии – со вчерашното носење на новиот Деловник во Собранието се формализираше диктатурата на широката коалиција“, обвини политичката партија Левица чии два пратеника синоќа беа единствените кои цврсто се бореа за задржување на демократијата во земјава.

„Овој режим на СДС-ДПМНЕ-ДУИ, кој ги уништи сите аспекти од општествениот живот и ја турна Македонија да робува на секакви бизнис зделки и великодржавни апетити – кој ги аболицираше функционерските криминали и го пороби обичниот народ, за олигарсите од раководствата на партиите да владеат непречено и да се богатат, сега веќе и со интервенции во правниот и политички систем на Република Македонија го задава последниот удар врз привидот за слобода и владеење на народот“, соопштија од црвената партија.

Порачаа дека „македонскиот народ, под деценискиот притисок на овие човекојадци од СДС-ДУИ-ДПМНЕ го пронајде во своите редови оружјето со кое ќе се одбрани од оваа ламја со три глави – преку партијата на народните маси Левица, во антифашистички и народен фронт спремен за финална пресметка“.

„Сите велепредавници кои ја овозможуваат и ја продлабочуваат диктатурата на антимакедонската политичка олигархија, ќе се соочат со безмилосен крај кој ќе ги стави зад решетки овие ѕверови кои ја пијат крвта на обичните луѓе. Ќе победиме!“, додаваат од Левица.

Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Македонија

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Read more

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Read more

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Read more

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Read more
 

Вести

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Читај повеќе