Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

„Во конфликтот од 2001 инициран од терористите од денешната ДУИ раселени биле над 70.000 граѓани, голем број од тие семејства сè уште не добиле трајно сместување или било каква посериозна помош од страна на државата, што е спротивно дури и од Охридскиот рамковен договор. Имено, во Анекс Ц точка 3.1 во Рамковниот договор стои дека 'Сите страни ќе работат да обезбедат враќање на бегалците кои се граѓани или имаат законски престој во Македонија и на раселените лица, во нивните домови, во што е можно покус временски период', a повеќе од две децении по потпишувањето на овој договор, сакајќи да коалицираат со поранешните УЧКи и да останат на власт за да цицаат државни пари, ниту СДС ниту ДПМНЕ немаат мрднато ниту со прст за овие лица“. Овие пораки ги испраќаат од политичката партија Левица преку писмено соопштение до медиумите.

„За да се дознае што и дали државата има нешто напраено за овие луѓе, координаторот на секторот Кристијан Димков испрати барање за информација од јавен карактер до Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, чија една од малкуте надлежности е доследно спроведување на Охридскиот рамковен договор На ова барање, законски мора да има повратен одговор, но, очекувано, од министерството молчат. Поради тоа ќе биде поднесена жалба до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Затоа, јавно го прашуваме Артан Груби, како министер за политички систем и односи меѓу заедниците, што и дали воопшто нешто има направено во однос на овој дел од Охридскиот рамковен договор и јавно ги прашуваме сервилните 'македонски' политички партии ВМРО и СДС, зошто го немаат потегнато ова прашање и дали им е сеедно тоа што Македонците се граѓани од втор ред во сопствената држава“, се додава во реакцијата на Левица.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Македонија

Утре облачно време, попладне дожд

Read more

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Read more

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Read more

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Read more
 

Вести

Маск потроши 250 милиони долари на Трамп: Мислам дека е доволно

Читај повеќе

Утре облачно време, попладне дожд

Читај повеќе

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Читај повеќе

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Читај повеќе

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Читај повеќе

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Читај повеќе

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Читај повеќе

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Читај повеќе