Скопје повторно се гуши во ПМ честички!

Левица: Партиите на власт се менуваат, проблемот со загадувањето останува

Секоја година, особено во зимскиот период, Скопје руши рекорди во загаденост, но освен паушални изјави властите не преземаат никакви конкретни мерки за решавање на овој проблем, оценуваат од Левица.

Деновиве буквално секој ден македонската престолнина во утринските часови е во топ 10 најзагадени градови во светот, а често и број еден на Стариот континент.

„Иако проблемот со загадувањето во Скопје е повеќедецениски, ниту една од партиите кои наизменично се менуваа на власт не направи ништо за намалување на загадувањето, ниту пак понуди  трајно решение“, обвинува Левица.

„Советниците на Левица во Советот на Град Скопје поднесоа 4 амандмани на Буџетот за следната година со конкретни мерки за намалувањето на загадувањето и тоа: 

  • Набавка на еколошки дрва со цел намалување на загадувањето на воздухот;
  • Бесплатен јавен превоз за невработените лица - жители на град Скопје;
  • Субвениции за граѓани и фирми за набавка на филтри за оџаци;
  • Субвениции за набавка на инвертер клими за семејства од социјален ризик.

Ниту еден од овие амандмани не доби подршка од советниците на ДПМНЕ и СДС“, открива Левица за алармантната нефункционалност на Советот на Град Скопје.

„Иритира незаинтересираноста за решавање на овој проблем и на Министерството за животна средина кое наместо да преземе  конкретни мерки, дава препораки и насоки што би требало да се направи. ‼️Апелираме до сите надлежни институции и на локално и на централно ниво да престанат со инертноста и незаинтересираноста и да преземат конкретни мерки за намалување на загадувањето во Скопје!“, забршува соопштението на црвената партија.

реклама

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Кардиолог објаснува дали спиењето на лева страна е лошо за срцето

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Падна ChatGPT 

Read more

Македонија

Почина новинарката Гордана Дувњак

Read more

Делови од Студеничани и Карпош денеска без струја, дел од Центар без вода

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Read more
 

Вести

Европскиот суд го поништи анти-ЛГБТИ законот на Унгарија

Читај повеќе

Прва реакција на Кремљ за победата на проруската партија во Бугарија

Читај повеќе

Зошто Кина не ја снајде нафтена криза?

Читај повеќе

Медицински факултет доби сопствен извор на чиста енергија: ОКТА донираше фотоволтаична централа

Читај повеќе

Полска се „залепи“ на францускиот нуклеарен план

Читај повеќе

Почина новинарката Гордана Дувњак

Читај повеќе

Кога истекува прекинот на огнот меѓу САД и Иран?

Читај повеќе

Ирак по 10 години ја отвори границата со Сирија 

Читај повеќе

Србија даде гаранција, бара Ратко Младиќ да се лекува на слобода

Читај повеќе