Левица: Пластикоматите во Општина Центар се нефункционални

Пред повеќе од четири години ЈП ПОЦ и Општина Центар ја започнаа својата можеби најуспешна ПР кампања досега, наречена „И отпадот има вредност!“, со што пуштени во употреба беа повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки, односно т.н. пластикомати, која наводно имаше за цел да ја трансформира Општина Центар во еколошки модерна општина и да го олесни буџетот на граѓаните.

„Главниот проблем со оваа кампања е тоа што не е економски исплатлива за граѓаните, односно за секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари, додека пак за да набават картичка да можат да рециклираат треба да платат околу 400 денари.

Со други зборови, граѓаните треба да рециклираат околу 300+ шишиња или лименки само за да ги вратат вложените економски средства, а добиените пари ги добиваат како субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка која единствено можат да ја искористат во одредени услужни локали.

Покрај овие економски нелогичности, дел од граѓаните кои ги користат пластикоматите, поради високо развиената еколошка свест се пожалија во ЛО Центар при политичката партија Левица дека истите воопшто не се одржувани, односно откако ќе се преполнат долго време е потребно отпадот да се пренесе до предвиденото место за нивно рециклирање.

Иако Пластикоматите претставуваат добра идеа, нивната имплементација е катастрофална, на граѓаните не им е олеснет буџетот, а Општината е повалкана од било кога. Развивањето на еколошка свест кај граѓаните е невозможно без воздигнување на нивниот економски стандард, бидејќи материјалните услови ја креираат општествената, а со тоа и еколошката свест“, велат од Левица - Центар.

реклама

Се врати една од најдобрите серии, новата сезона е помрачна од претходните

Read more

Зголемена жед и чести главоболки може да бидат симптоми на опасна здравствена состојба

Read more

Поправете ја грешката што многумина ја прават при подготовката на палачинки

Read more

Младиот кинески бренд Kaiyi ќе извезува автомобили и во Европа, SUV X7 iHD има багателна цена во Кина

Read more

Македонија

Сончево време со услови за дожд и грмежи попладне

Read more

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на 7 места

Read more

Герасимовски: Јас и советниците на СДСМ нема да ја поддржиме донацијата која ја бара МПЦ

Read more

Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари во Италија

Read more
 

Вести

Сончево време со услови за дожд и грмежи попладне

Читај повеќе

Возач со автомобил удри и тешко повреди 73-годишна жена во Скопје

Читај повеќе

Вкупно 19 пожари на отворено за 24 часа, гори уште на 7 места

Читај повеќе

Гола месечина во Аеродром од 10 до 14 септември, стендап настапи за многу смеа и забава

Читај повеќе

Со полн камион огревно дрво е фатен вработен во Шумската полиција

Читај повеќе

Герасимовски: Јас и советниците на СДСМ нема да ја поддржиме донацијата која ја бара МПЦ

Читај повеќе

Членови на семејство на почината девојка се обидоа да убијат лекари во Италија

Читај повеќе

Италијанскиот министер кој си ја назначи љубовницата за советничка поднесе оставка, Џорџа Мелони брзо му најде замена

Читај повеќе

Влада: Го решивме проблемот со застојот на издавање на пасоши и лични документи

Читај повеќе