Левица поднесе предлог-закон за укинување на двојазичните декларации на производите

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денес на прес-конференција соопшти дека Левица во текот на вчерашниот ден поднела Предлог-закон за измена на Законот за потрошувачи со којшто се предлага укинување на двојазичните декларации на производите.

Фото: Кајгана

„Ова го нудиме во насока на зачувување на функционалноста на општеството и сврзувањето во нашето општество и во насока на зачувување на унитарноста на државата. Ова го нудиме наспроти јазичната сегрегација која веќе одамна партиите на елитата пробуваат да ја воспостават во Република Македонија. Нашата законска измена не е водена од емотивни причини, туку, просто, за зачувување на општото комуникациско средство за граѓаните во Република Македонија“, истакна пратеникот Мециновиќ на денешната прес-конференција.

Мециновиќ потсети дека двојазичните декларации биле протуркани на брза лента од страна на ексминистерот Крешник Бектеши од ДУИ и напомена дека истиот произлегува како ефект од т.н. Закон за двојазичност за којшто Уставниот суд има закажано седница во март.

„Законот има за цел и да ја исправи неправдата наметната врз македонските производители и потрошувачи кои со години трпат административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Со овој Закон бараме укинување на обврската за задолжителна двојазична декларација на производите и наместо тоа, трговците ќе имаат обврска само на македонски јазик и неговото кирилско писмо да ги доставуваат информациите за производите, а можноста за користење на други јазици е нивно дискреционо право, како што треба и да биде“, образложи пратеникот од Левица.

Тој истакна дека овие измени се неопходни бидејќи актуелниот закон наметнува дополнителни трошоци на малите и средните трговци кои се соочуваат со економска криза.

„Оваа бирократска заврзлама директно ги става во неповолна положба македонските производители, особено оние кои произведуваат за извоз и за региони во кои не е потребна двојазична декларација“, акцентираше пратеникот.

Како цел на овие законски измени поднесени од Левица, Мециновиќ сумираше:

  • да се заштити македонскиот јазик како единствен службен јазик во целата држава, со цел општа комуникација за сите граѓани во Република Македонија;
  • намалување на трошоците за производителите и трговците и
  • олеснување на административните процедури со избегнување на дополнителните обврски наметнати во време на економска криза.

Мециновиќ кажа дека очекуваат жестоки напади од режимските партии и партиите на естаблишментот кои ја користат јазичната сегрегација за поделба на политичкиот плен и деинтеграција на сврзните ткива на нашето општество.

„Но, сепак, очекуваме поддршка, бидејќи сите овие ефекти произлегуваат од противуставен закон чии ефекти треба веќе да се анулираат“, заклучи пратеникот од редовите на Левица.

Remote video URL
реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Македонија

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Read more

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Read more

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Read more

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Read more
 

Вести

Одложен митингот на Вучиќ што требаше да биде „најголемиот во историјата на Србија“

Читај повеќе

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Читај повеќе

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Читај повеќе

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе