Левица: Потребно е категорично отфрлање на предлогот и прекин на преговорите со Бугарија

Францускиот предлог, којшто Владата првично го одби, за сега да биде прифатлив, ги содржи сите негаторски бугарски барања, тврди Левица.

Од политичката партија Левица излегоа со соопштение во кое наведуваат три главни причини зошто францускиот предлог треба да се одбие и го повикаа народот на отпор кон овој предлог.

„Прво, двете страни ќе се произнесат за македонскиот јазик по нивно видување - само за нас јазикот ќе биде македонски, додека Бугарија ќе ја афирмира својата позиција за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик!
Второ, сите барања поврзани со историските прашања кои се содржат во Договорот за добрососедство од 2017 година, стануваат дел од преговарачката рамка - Бугарија ќе ја пишува македонската историја!
Трето, по заслуга на европските партнери, за прв пат се предвидува Бугарија, и другите земји-членки, да можат да ставаат вето на веќе затворени поглавја - ЕУ нѐ става во лавиринт до конечно удоволување на сите апетити на соседите!“.

Со ваквиот предлог Бугарија преку ЕУ наметнува ултиматум за ништење на македонскиот народ и идентитет, велат од Левица. Воедно, велат и дека другите две страни, француската и бугарската, потврдиле дека се работи за истиот предлог кој првично беше одбиен.

„Француската амбасадорка во Бугарија и министерката Генчовска денес со официјални изјави потврдија дека се работи за истиот предлог и дека нема никакви суштински измени во однос на бугарските барања“.

„Алармантна е и денешната изјава на министерот Бујар Османи, кој изјави дека, доколку Владата донесе одлука за одобрување на пакетот, тогаш тој можел веднаш да пристапи кон потпишување на протоколот со Република Бугарија. Ова укажува дека Владата на СДС и ДУИ, во духот на своето владеење на хибриден режим, целосно ќе го заобиколат Собранието и насилнички ќе ја спроведат бугараризацијата по сценариото за Преспанскиот Договор! Не може ништо добро да произлезе од преговори со земја која не признава македонски народ, македонски јазик и македонско малцинство“.

„Не може ништо добро да произлезе од нерамноправни преговори во кои едната страна има можност да ја уценува другата. Ова го покажаа преговорите со Грција и Преспански договор. Република Македонија, под уцена и заплашување неколку пати го менуваше Уставот, се откажа од малцинството во Грција, прифати референца и го смени државното знаме. Тоа сепак не беше доволно, па и покрај добиениот спор пред Меѓународниот суд на правдата, повторно бевме блокирани и уценувани, што доведе до прифаќање на Преспанскиот договор, со кој Македонија, менувајќи го Уставот го смени и уставното име и драстично ги загрози националните интереси и идентитетот на македонскиот народ. Сепак, според грчкото МНР, македонската нација и понатаму е 'измислица на Тито' - што значи нови блокади во идните преговори со ЕУ“.

„Идентичен е спорот со Бугарија. Со прифаќање на овој нацрт-предлог и со евентуалниот старт на преговорите, ние не добиваме ништо друго освен еден бесконечен пат до членство во ЕУ, во кој Бугарија има безброј можности повторно да нè блокира и уценува, дури не ги прифатиме сите неприфатливи услови и гледишта во однос на македонскиот народ, јазик и историја. Затоа и првото барање е да биде променет Уставот. Со прифаќање на овој нацрт-предлог се стимулираат Бугарија и регионалните држави, да продолжат со нецивилизациски барања и напади на правото на македонскиот народ да ја одбере својата судбина!“.

„Идеите за создавање на големи балкански држави на сметка на територијалниот интегритет на Македонија се остаток од минатиот век - тие ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на регионот, иако владините чиновници велат дека ова е во насока на нивно подобрување. Натаму води и прифаќањето на шовинистичките уцени содржани во овој нацрт-предлог, замаскирани во прогрес, кој ни се претставува како 'неопходен', за евроатлански интеграции на Македонија, и тоа мора веднаш да запре!“.

„Затоа потребно е категорично отфрлање на предлогот и интен прекин на преговорите со Бугарија веднаш!
Го повикуваме македонскиот народ да се приклучи на сенародниот отпор против оваа антинародна и антидржавна власт!“.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе