Левица повикува на протест против отворањето на клубот „Цар Борис III“ во Охрид

Охридскиот огранок на политичката партија Левица преку социјалните мрежи повика на протест против отворањето на клубот „Цар Борис III“ во Охрид.

„Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот 'Цар Борис III', Левица - Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза“, стои во повикот кој, според партијата е со цел да се зачува „достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци“ и да не се дозволи „рушење на интегритетот на државата“.

„На 7 октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица 'Македонски Просветители', пред ТЦ Амам - Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив. Не за славење на крвници на македонската нација и не за воздигнување на непријателите на човештвото! Не за бугарскиот Хитлер!“, велат од Левица и нагласуваат дека најстрого го осудуваат отворањето на овој клуб во Република Македонија и „премолчувањето од страна на Владата  која директно ја подржува рехабилитацијата на фашизмот“.

„Сплотени против империјализмот и антимакедонизмот, да го искажеме народниот револт. Смрт за фашизмот, слобода на народот!“, стои во повикот на Левица.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе