Левица предлага: Ограничување на профитните маржи, укинување на ДДВ за основни производи, зголемување на минималецот на 450 евра

Во услови кога цените на основните производи растат во континуитет, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, актуелната власт повторно нуди неуспешни „решенија“ кои не ги менуваат основните економски реалности. Основните продукти станаа луксуз, граѓаните осиромашуваат, додека трговците акумулираат милионски профити и рекордна заработувачка, велат од партијата Левица.

„Од анализата на цените на основните производи, забележуваме огромни зголемувања – свежото месо и млечните производи поскапеле од 15% до 80%, а синдикалната минимална кошничка во 2024 година изнесува над 62.000 денари. Отсуството на регулатива и државна интервенција овозможија слободниот пазар да сервира нова порција богатење на елитите, врз грбот на граѓаните.

Големите трговски ланци го зголемија својот профит за неверојатни 16,6% за само три години. Ова покажува не само дека пазарот е нерегулиран, туку е и манипулиран, а инфлацијата во најголем дел вештачки создадена. Владините мерки како 'замрзнување на цените' или 'новогодишни кошнички' се покажаа како симболични и неефективни мерки, за дневно-политичко залажување на граѓаните.

Наместо козметички мерки, Левица предлага:

  • Ограничување на профитните маржи – задолжително и на долг рок, со редовна контрола од страна на инспекциските служби;
  • Укинување на ДДВ за основните производи – директна помош за граѓаните;
  • Зголемување на минималната плата на 450 евра – за приближување на животниот стандард кон оној во регионот;
  • Реструктурирање на увозната зависност преку поддршка на домашното производство.

Македонскиот народ заслужува системски решенија кои ги надминуваат економските предизвици. Политичките мерки што служат за дневна пропаганда, не даваат никаков резултат. Време е да ја поставиме економијата на правилна основа во корист на народот. Во спротивно, овој економски концепт, продолжува да слугува само на мала група луѓе поседници на крупниот капитал, којшто непрекинато го зголемува јазот помеѓу богатите и сиромашните“, соопшти партијата Левица.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Македонија

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Read more

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Read more
 

Вести

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Читај повеќе

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трагедија на Малдивите: Пет Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера

Читај повеќе

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Читај повеќе