Левица: Скопје се гуши во смет заради конфликтот на ДПМНЕ и Арсовска

Преполни контејнери, диви депонии, ѓубре и смет околу домовите, неискосена трева помеѓу зградите станаа секојдневието кое го „краси“ Скопје. Сето ова неретко е надополнето со палење на некоја дива депонија што во овие летни температури допринесуваат во градот да не се дише!, велат од Левица.

Скопјани со право реагираат дека Скопје никогаш не било понечисто од сега. Причината за оваа состојба на главниот град е едноставна и повторлива по којзнае кој пат овие три години. Цената за кавгата помеѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска ја „плаќаат“ граѓаните“, наведуваат од Левица.

Потсетуваат дека иако сме веќе во седмиот месец од годината, Програмата за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ сè уште не е изгласана, па оттука, според оваа партија, комуналното претпријатие не може да работи.

Од Левица нагласуваат дека советниците од ДПМНЕ иако имаат мнозинство во Градскиот Совет, заради целта да ѝ наштетат на угледот на градоначалничката Арсовска, која притоа беше нивни кандидат за градоначалник, не даваат согласност ниту една од програмите на јавните претпријатија во Град Скопје да бидат изгласани. Заради ова, како што додаваат, претпријатијата се хендикепирани, не можат да функционираат нормално и додека граѓаните се незадоволни од услугите за кои плаќаат, сè повеќе работници и стручни кадри ги напуштаат истите.

„Резултатот на одмаздољубивоста на ДПМНЕ кон сопствениот кандидат за градоначалник Арсовска е целосен колапс на Градот. Де факто, Градот не само што сериозно го наруши угледот на институцијата Градоначалник, туку го наруши секојдневието на Скопјани, кои наместо да ги добиваат услугите за кои плаќаат, тие добиваат лош дневнополитички театар. Програмите на јавните претпријатија ќе се најдат на дневен ред и на следната седница на Советот на Град Скопје“, се наведува во нивната реакција.

Советниците на Левица апелираат на вразумување на советниците и разбирање на тоа дека нивната улога е да ги заштитат интересите на Скопјани, а не на искомплексираните политичари од својата партија и конечно (после повеќе од седум месеци задоцнување) да ги изгласаат програмите на јавните претпријатија и да не дозволат заради внатрепартиски политички пресметки градот да биде дозатрупан во ѓубре.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Македонија

Утре облачно време, попладне дожд

Read more

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Read more

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Read more

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Read more
 

Вести

Утре облачно време, попладне дожд

Читај повеќе

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Читај повеќе

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Читај повеќе

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Читај повеќе

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Читај повеќе

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Читај повеќе

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе