Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

„Министерот за правда во заминување Кренар Лога неколку дена пред напуштање на функцијата, која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни скандали, им зададе нов удар на сè посиромашните граѓани на Република Македонија зголемувајќи ја два-трипати и без тоа веќе високата нотарска тарифа! Ова зголемување доаѓа по претходно мислење од Нотарската комора и добиената согласност од корумпираната техничка Влада составена од министри на ДУИ, СДС и ДПМНЕ!“, соопшти партијата Левица.

„Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акти, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на трошоците за нотарски акт од мала вредност.

Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо!

Ова претставува уште едно во низата поскапувања кои го отежнуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните, а е наметнато од владејачките партии кои наместо да го штитат животниот стандард на граѓаните, ги застапуваат интересите на различни лоби – групи, го отежнуваат пристапот до правни услуги на безимотните и го продлабочуваат класниот јаз.

#Левица принципиелно се залага за олеснување на пристапот до правда во македонското општество и прилагодување на трошоците на граѓаните, согласно реалните економски прилики во државата.

Левица ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и од Владата да ги намалат трошоците на граѓаните за нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи“, се додава во соопштението на партијата Левица.

ТАРИФАТА НА НОТАРИТЕ ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНА - ПАРТИИТЕ НА ВЛАСТ СО НОВ УДАР НА ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ ❗Министерот за правда во...

Posted by Левица on Tuesday, June 18, 2024
Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Метод на складирање што ги одржува морковите свежи до еден месец

Read more

Македонија

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Read more

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Read more

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Read more

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Read more
 

Вести

Пукал со воздушна пушка кон деца кои му береле цреши во дворот

Читај повеќе

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Читај повеќе

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе