Левица за стоте дена влада: Нова влада, стара политика - ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Бришење на името Македонија и секој негов писмен траг, прифаќање на Преспанскиот договор, национални понижувања и дипломатски скандали, злоупотреба на службената положба и зголемување на бројот на министерствата, воведување нови директори и најавување на енормни задолжувања, се дел од „успесите“ кои ги донесе новата влада во првите 100 дена владеење, велат од Левица.

„Десничарската коалиција на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ создаде една од најобемните влади до сега, под ветување дека ќе се намали бројот на агенции и директорски места, но тоа не се случи. Наместо ова, монструозниот државен апарат што се создава, е слуга исклучително на коалициските апетити за полнење на џеповите на функционерите од власта“, обвинува опозициската Левица.

„Со обезбедено мнозинство ја одбија понудата за претседател на Собранието и бланко поддршката од Левица, а подоцна ја одбија и интерпелацијата и го устоличија Африм Гаши, којшто во низа скандали ја погази државата и злоупотреби неговите ингеренции.

Додека наставниците се оставени на минимална плата, за трет албански универзитет се одвоени над 34 милиони евра. Коалицискиот партнер на Мицкоски најави паралелна албанска академија, додека на оваа иредентистичка политика ѝ претходеа изјави на премиерот за дестабилизација на државата. Од друга страна, по договор на коалицијата Законот за бранителите останува заглавен.

Надворешната политика ниту сантиметар не се разликува од она што го правеја СДС и ДУИ. Најавите за раскинување на штетните договори не постојат повеќе, а политиката на подреденост кон националистичките политики на нашите соседи продолжува. Напредок кон ЕУ по ниту еден параметар нема, додека спроведувањето на договорите обврзувачки кон Македонија не прекинува.

Кумулативно погледнато, државата останува во владеење на малкумина, клиентелизмот и коруптивноста остануваат најголеми општествени проблеми кои го гушат државниот апарат, додека политиката е целосно насочено кон интересите на богатите, кои не можат да ја дочекат распределбата на најавената милијарда задолжување, додека работничката класа останува таа која на свои плеќи го носи товарот на лошо управуваниот систем“, завршува анализата на Лењвица за стоте дека одс новата влада.

За потсетување, Левица во македонското Собрание делува опозициски со 6 пратеници.

Тагови
реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Кој ќе може да аплицира за „1.000 денари месечно за струја“?

Read more

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Македонија

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Read more

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Read more

Забрана за користење на дронови на неколку локации во Скопје, соопшти МВР

Read more

Намален е бројот на пациенти во критична состојба кои се лекуваат во странство

Read more
 

Вести

Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава - порачаа учесниците на протестниот марш

Читај повеќе
  • play_arrow

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Читај повеќе

Забрана за користење на дронови на неколку локации во Скопје, соопшти МВР

Читај повеќе

Детали за пукањето во Прилеп: Напаѓачот подолг период ја демнел вработената во Центарот за социјални работи

Читај повеќе

Трамп најави нови царини за Венецуела: Пратија илјадници криминалци во Америка

Читај повеќе

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Зеленски за расправијата во Белата куќа: Го бранев достоинството на Украина

Читај повеќе

Намален е бројот на пациенти во критична состојба кои се лекуваат во странство

Читај повеќе

Како Индија полека, но сигурно станува четврта светска суперсила?

Читај повеќе