Levi's и Google ја развиваат првата паметна јакна
На почетокот на следната година, Levi's и Google ќе ја претстават паметната јакна која реагира на допир. Паметната облека Project Jacquard е резултат на соработката на Google's Advanced Technology and Products и Levi's Computer, а на левата рака има вграден Jacquard, како и мал Bluetooth док кој овозможува телефонирање во текот на возењето.
Јакната е направена по стандардите на Levi's, а оргинално е замислена за возење велосипед. Може да се пере како и секоја друга јакна, со тоа што пред да се стави во вода или во машина, потребно е да се отстрани Bluetooth системот.