Lexus ES е прв автомобил со камери наместо ретровизори

Луксузниот бренд на Toyta, Lexus, на своите клиенти во Јапонија, каде што тоа веќе законот го дозволува, им го претстави моделот ES со камери наместо огледала во ретровизорите.

Веќе со години многу произведувачи на автомобили претставуваат концепт за возила кои наместо огледала во надворешните ретровизори имаат камери, меѓутоа засега целото ова се завршуваше на концепти и дизајнерски истражувања, додека сериските модели ги задржуваа конвенционалните ретровизори.

Сега Lexus ја прекина таа пракса, па потрошувачите на моделот ES на јапонскиот пазар, ќе можат да си порачаат продукциски автомобил без класични ретровизори.

Новиот систем се состои од две надворешни камери - секоја од по едната страна од возачката кабина, а сликата се проектира на два екрани од по пет инчи, кои се наоѓаат во предниот и десниот агол од патничката кабина.

Некои од предностите на камерите се подобрата видливост навечер, како и во услови на дожд или снег, поголем агол кој камерите го покриваат, а преку нив се подобруваат и аеродинамичките карактеристики на автомобилот.

Системот е опремен и со технологија за предупредување на други возила од „мртов агол“, која се користеше и досега, но визуелниот сигнал доаѓаше од надворешните огледала, додека сега е на екраните.

Lexus најави дека моделот ES со камери наместо ретровизори ќе започне да се продава во октомври, во Јапонија, а подоцна ќе биде достапен и на некои други пазари.

Исто така, јапонскиот произведувач во иднина понудата ќе ја прошири и на останатите модели од својата гама.

Инаку, сличен систем најави и Audi за својот електричен кросовер E-Tron, кој својата премиера ја има денеска, а Lexus откако прв ја проследи оваа вест вчера, успеа „да биде побрз“ барем неколку часа пред германскиот произведувач.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе