Филм & ТВ

Лиам Хемсворт е криминалец со амнезија во трејлерот за „Killerman“

21. јуни 2019 - 12:30 | Б.С.Б.

Претходно годинава го гледавме Лиам Хемсворт во романтичната комедија „Isn’t It Romantic“, а сега во најновиот филм „Killerman“ толкува улога на криминалец кој страда од амнезија по преживеана несреќа.

Филмот премиерно ќе биде прикажан на 30 август. Во останатите улоги се појавуваат Емори Коен, Дајан Гереро, Сурај Шарма, Златко Буриќ и други.

Филмот е во режија на Малик Бадер, кој го напиша и сценариото.

Коментирај