Либанските демонстранти како тенисери го враќаа солзавецот кон полицијата
На антивладините протести во Бејрут демонстрантите најдоа интересен начин како да се справат со солзавецот на полицијата.
Опремени со гас-маски и тениски рекети, демонстрантите како тенисери ги лансираа назад кон полицијата фрлените конзерви со солзавец со кои либанската полиција имаше намера да ја растера толпата. На крај си ги доби назад.