Од полската режисерка Малгоржата Шумовска ни пристигнува црната комедија „Лице“, за кој на минатогодишното Берлинале ја доби наградата од жирито.
Дејството во филмот „Лице“ (анг. Mug; пол. Twarz) што е делумно работен по вистинска приказна, е сместено во мал град во Полска.
Главниот лик е Јасел, кој сака хеви метал, својата девојка и кучето. Неговото семејство како и многумина во градот го сметаат за чуден. Тој работи на конструкција која треба да стане најголемата статуа на Исус во светот. Кога една тешка несреќа потполно ќе го уништи неговиот изглед сите погледи ќе бидат вперени кон него, додека Јасек поминува на првата трансплатација на лице во земјата.
„Сакав да раскажам приказна за човек кој го губи својот идентитет, а општеството го отфрла затоа што не можат да го препознаат“, изјави режисерката Шумовска.
„Апетитот да работам на комедии е сѐ поголем. Како старееме мислам дека повеќе се смееме на реалноста и не ги прифаќаме работите толку сериозно“, додава таа.
Филмот „Лице“ премиерно ќе се прикажува во домашните кина од четврток, 20 јуни.