Epic Games постојано ја освежува игрицата Fortnite, па сега играчите добија на располагање уште еден нов автомобил.
Epic Games во соработка со Ferrari овозможија појава на хибриден спортски автомобил, Ferrari 296 GTB, во популарната игрица Fortnite. Тоа е првиот лиценциран автомобил што се појави во оваа battle royale игрица.
Автомобилите станаа многу важен дел од игрицата откако се појавија пред скоро една година, но досега тие беа генерички толкувања на различни видови автомобили како седани, пикапи и спортски автомобили. Од Epic Games велат дека автомобилот на Ferrari се однесува како другите во играта, но дека звукот е автентичен.
Играта Fortnite не е единствената што доби лиценцирани автомобили, бидејќи и PUBG: Mobile стана побогат за моделите на Tesla, вклучително Model Y и самовозечкиот камион Tesla Semi.