Објавена е интересна фотографија со лидерите на САД, Германија, Франција, Велика Британија, Канада, Јапонија и Италија, со претставник на ЕУ на тркалезната маса, направена на Г-7 самитот во Париз. покрај пораката е напишано: „Време е за акција“.
Доналд Трамп, Емануел Макрон, Ангела Меркел, Шинзо Абе, Џастин Трудо, Борис Џонсон и Доналд Туск се собраа за да разговараат за најважните светски теми. Средбата доаѓа во време кога глобалната економија е нестабилна, војните на Блискиот Исток не стивнуваат, а амазонската прашума е во пламен.
Трамп претходно изрази негодување поради состанокот и наиде на реакција на групата Г-7. Во разговорите со соработниците во текот на изминатите денови тој испитуваше зошто мора да присуствува на самитот оваа година, сметајќи дека тоа е особено непродуктивно трошење на времето, пишува CNN.